Турски Суташ ги купува производствените погони на Сведмилк

Bez autora
Mar 11 2012

Турската компанија "Суташ" ќе ги купи производствените погони на пропаднатата млекарница "Сведмилк" во скопската населба Илинден. Претставниците на "Суташ" веќе биле на разговори во Скопје и ветиле дека ќе достават понуда на огласот за продажба кој наскоро треба да се објави. Турците веќе отворија своја фирма во Македонија која во Централниот регистар е запишана под името Балканска млекара, а основниот влог изнесува 7 милиони евра. Во земјава планираат да преработуваат млеко и да произведуваат сирење. Освен за рестартирање на пропаднатата млекарница, од "Суташ" се заинтересирани и за вложување во фарма за сточна храна. Најголемиот доверител - Тутунска банка, во август 2011 година се обиде да ја продаде млекарницата, земјиштето и дел од опремата за 7,5 милиони евра, но на лицитацијата немаше заинтересирани купувачи. Овој пат, за да се реализира продажбата на "Сведмилк" на "Суташ", ќе се изменат условите на огласот, поради правните проблеми со кои се соочува банкротираната млекарница.

Турски Суташ ги купува производствените погони на СведмилкТурската компанија "Суташ" ќе ги купи производствените погони на пропаднатата млекарница "Сведмилк" во скопската населба Илинден.

Претставниците на "Суташ" веќе биле на разговори во Скопје и ветиле дека ќе достават понуда на огласот за продажба кој наскоро треба да се објави. Турците веќе отворија своја фирма во Македонија која во Централниот регистар е запишана под името Балканска млекара, а основниот влог изнесува 7 милиони евра. Во земјава планираат да преработуваат млеко и да произведуваат сирење. Освен за рестартирање на пропаднатата млекарница, од "Суташ" се заинтересирани и за вложување во фарма за сточна храна.

Најголемиот доверител - Тутунска банка, во август 2011 година се обиде да ја продаде млекарницата, земјиштето и дел од опремата за 7,5 милиони евра, но на лицитацијата немаше заинтересирани купувачи. Овој пат, за да се реализира продажбата на "Сведмилк" на "Суташ", ќе се изменат условите на огласот, поради правните проблеми со кои се соочува банкротираната млекарница.

Инаку, машините во млекарницата се одржувуваат во кондиција, односно на секои два месеци низ цевките се пушта топла вода со цел истите да не за'рѓаат.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik